ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Воздухот во Скопје и утринава опасен по здравјето

Скопје утринава повторно се најде на листата на светски градови со најзагаден воздух, но овој пат на 16. место со индекс на загаденост 153. Сепак, тоа не ја прави ситуацијата помалку загрижувачка, зашто според платформата iqair, степеност на загаденост на воздухот е сѐ уште опасен по здравјето.
Според мерењето на квалитетот на воздухот пред осум часот утринава, главен загадувач во Скопје во ментов е честичката ПМ 2,5, чија концентрација во моментов е 11 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светскта задравствена организација (СЗО).