ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Покрај уставните измени престојат и други тешки одлуки до зачленување во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски повторно повика на консензус по прашањето на уставните измени, додавајќи дека во Собранието ќе треба да се носат и други тешки одлуки кои не треба да бидат уценувани.

Advertisements

„Јас повикувам, повикував и ќе повикувам, на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата. И уште нешто, ова не е последната одлука до зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Уште тешки одлуки ќе има на тој пат. Условување на тие важни одлуки за иднината на оваа и на идните генерации, да живеат во ЕУ, е кочење на иднината на државата“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button