ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојави за бомби во Скопје, Тетово и Битола ги испразнија училиштата

Дојави за бомби во Скопје, Тетово и Битола ги испразнија училиштата

Дојавите за бомби во училиштата и различни институции и понатаму предизвикуваат загриженост кај јавноста. Денеска дојави имаше во 18 училишта, од кои 9 во Скопје, 3 во Битола и по две во Прилеп, Тетово и Струга. По извршените проверки, МВР, соопшти дека се работи за лажна тревога.

Advertisements

„Првата реакција беше да не паничиме пред учениците, полека ги собравме, мирно ги извадивме. Ја знаеме процедурата за изнесување надвор. Сè беше направено за 5-6 минути, сите ученици излегоа од училишните простории и немавме никаков проблем. Учениците не беа известени дека имаме предупредување за бомба, туку оти училиштето ќе се дезинфицира и не треба да престојуваат во училишните простории“, рече Мамудије Амети, директор на ОУ „Лирија“ Тетово.

Градоначалникот на Тетово апелираше до граѓаните на смиреност.

„Ги замолуваме сите граѓани да не создаваат паника во вакви ситуации, бидејќи во комуникација со органите за национална безбедност подолг период образовниот сектор секојдневно ги следи сите случувања во училиштата, а досега нема информации кои би можеле да бидат вознемирувачки. Затоа во наредниот период ќе продолжам да ја следам ситуацијата и да бидам внимателен и секако оваа ситуација ќе биде надмината без никакви последици“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Министерот за внатрешни работи Спасовски рече дека се бара помош и размена на информации со земјите-членки на НАТО, додавајќи дека полицијата се сомнева во три главни мотиви за лажните дојави. Некаков личен мотив, авантуристичко однесување на малолетници и геостратешки мотив кој се базира на причините дека слични дојави има и во другите земји од регионот./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button