ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: „Ковачевски нема ни капацитет, ни легитимитет да ја води Владата“

Касами: „Ковачевски нема ни капацитет, ни легитимитет да ја води Владата“

Не прифаќам услови за уставните измени. Вака премиерот Ковачевски му одговори на лидерот на движењето Беса, Биљал Касами, еден ден откако тој вчера рече оти ќе поддржат влегување на Бугарите во Уставот само доколку има предвремени избори и ако од уставот се тргне одредницата „20%“ која се однесува на албанскиот јазик.

Advertisements

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека опозицијата не е против содржината на уставните измени.

„Мислам дека до крајот на годината ќе се преиспитаат затоа што тоа е погрешен пристап и очекувам да го заокружиме овој процес. Зошто верувам, затоа што никој не е против содржината на процесот, другото е формата, кореографијата, партиско-политички став. Ова ќе го менаџираме“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Во својот одговор за коментарите на Ковачевски и Османи, Биљал Касами наведе дека премиерот нема политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, па затоа ги избегнува ставовите на БЕСА.

„Кога зборуваме за уставните измени, Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20%“ и да се замени со терминот „албански јазик“. Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на Северна Македонија, автоматски е против европските вредности и Европската Унија“, изјави Биљал Касами, движење Беса.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поддржуваат секоја искрена иницијатива за уривање на власта.

Мисајловски смета дека се неопходни предвремени избори, а Касами вели дека барањето за предвремени избори е став на мнозинството граѓани./Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button