ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Повторно Владата ќе им ја плаќа струјата на државните институции и претпријатија

Повторно Владата ќе им ја плаќа струјата на државните институции и претпријатија

И со новиот буџет се предвидува отплата на долговите за струја за државните институции и јавните претпријатија. Директорите дури беа пофалени дека во ова кризно време заштедиле струја, но секако, Владата ќе им го подмири долгот. Премиерот вели дека некои директори биле разрешени поради неефикасност во менаџирањето, но не спомена имиња. Јавноста пак, не најде некој што дал отчет за институциите што ги воделе, а ги задолжиле. Ковачевски, за да оправда некои должници, вели дека цената на струјата е десеткратно зголемена, а од друга страна, вели дека плаќањата се вршат и за одржување на ликвидноста на компаниите кои произведуваат и дистрибуираат струја.

Advertisements

 Во презентацијата на буџетот од 19 милиони евра за Министерството за економија, 3,2 милиони се издвоени за енергетска ефикасност како поддршка на компаниите и граѓаните. За следната година се планирани 3,3 милиони евра за инвестиции во гасоводната мрежа. Станува збор за поврзување на Македонија со Косово и Србија, како и со терминалот за течен гас кај Александрополис во Грција. Бектеши рече дека нема да дозволат монопол на пазарот за набавка на гас од само една компанија и со тоа нема да се дозволи да се уценуваат институциите.

„Од 1 јануари ќе можеме да доставуваме природен гас и до граѓаните и до институциите и индустријата. Нашите компании се поканети да учествуваат на транспарентни јавни повици. Не можеме 30 години да имаме само еден добавувач, кој може да нè уценува како институција. Со ова нема да го има тоа. Ќе има само напредок во остварувањето на државните цели за енергија“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

За поддршка на малите и средни претпријатија следната година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени еден милион евра, за Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста. Во делот за поддршка на туризмот има 385 илјади евра./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button