ВЕСТИРЕГИОН

На највисоко ниво борбената готовност на српската армија и полицијата

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ нареди Армијата и сите единици на Министерството за внатрешни работи да бидат на највисоко ниво на борбена готовност.

Advertisements

„Претседателот на Србија, како врховен командант, вечерва нареди српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, односно подготвеност до степен на употреба на вооружена сила“, објави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

„Ова нѐ издигнува на највисоко ниво на дејствување што го спроведува српската армија, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и заштита на сите граѓани на Србија и спречувајќи тероризам и терор врз Србите каде и да живеат“, наведе Вучевиќ, додавајќи:

„Нема причина за паника, но има причини за загриженост, бидејќи се чини дека Србија е единствената заинтересирана да разговара, за политички договори, да се сретне дури илјада пати додека не се најде некаков договор и решение. Другата страна постојано прави еднострани потези, го подига тоа ниво на тензија и постојано води кон натамошна ескалација со, според мене, јасна цел за целосно етничко чистење на Косово и Метохија“, рече Вучевиќ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button