ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Во Мадрид уапсен маж од листата на 10 најбарани бегалци на ФБИ

Шпанската полиција уапси еден од 10-те најбарани бегалци на ФБИ, кој со лажен идентитет престојувал во хотел во Мадрид. Мајкл Џејмс Прат, државјанин на Нов Зеланд, беше осуден на доживотен затвор во САД за сексуална експлоатација и сексуален напад и за правење фотографии за сексуална злоупотреба на деца.

Advertisements

Полицијата тврди дека Прат бил вклучен во аудиовизуелно производство на снимки, регрутирање малолетни девојчиња и млади жени преку измама помеѓу 2012 и 2019 година. Тие сметаат дека од овие активности заработил повеќе од 17 милиони долари. Шпанските власти истакнаа дека само 57 криминалци на листата на најбарани на ФБИ биле уапсени надвор од јурисдикцијата на бирото, додавајќи дека ова е првпат да се случи во Шпанија.

Осомничениот маж објавувал огласи на интернет во САД и Канада, нудејќи работа „модел“, но всушност се работело за снимање порнографски содржини. Тој им плаќал на други жени да делуваат како „мамка“ и да ги убедат жртвите дека снимениот материјал нема да биде објавен на интернет, пишува Гардијан.

Жртвите понекогаш биле држени против нивна волја и присилувани на сексуални дејствија за кои тие претходно одбивале согласност. Прат беше во бегство од ноември 2019 година, кога беше издадена федерална потерница по него во Окружниот суд во Калифорнија. Во септември ФБИ го стави на листата на најбарани бегалци и понуди награда до 100 000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење, пишува Си-би-ес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button