Расте бројот на заразени од корона вируот во регионот


Alsat
14.07.2020 21:05
Расте бројот на заразени од корона вируот и во регионот. Во Албанија во последното деноноќие од тестирани 450 позитивни биле 96 лица, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.667. Хоспитализирани се 90 што е најголема бројка досега. Во Косово потврдени се 187 случаи во последните 24 часа од кои 92 во приштина. Бројот на активни случаи е 2.640.
Во Србија бројот на новозаразени се искачи на 344, а 13 лица починале. Најголем број на пациенти дури 170 се приклучени на респиратор. Бројот на заразени се зголемува и во Бугарија каде за 24 часа се регистрирани 159 нови случаи. починале 8 лица. Најголем број на нови случаи на заразени има во главниот град. Меѓу медицинскиот персонал во текот на вчерашниот ден, вирусот е потврден кај 18 лица.Во БиХ, вкупно 189 лица се заразени со вирусот во последните 24 часа, а починале три лица.
Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 52 новозаболени. Сите функционери на хрватското министерство за наука и образование, предводени од министерката од денеска се во изолација откако е потврдено дека државниот секретар на министерството е позитивна на вирусот. Хрватските медиуми објавија дека државната секретарка била на свадба во Задар, а по враќањето во Загреб, учествувала на колегиум во министерството и на други состаноци. во Словенија има 10 ново заразени.