ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изведена пред суд девојката (17) осомничена дека си го убила момчето

Со солзи во очите и овации за правда, другари и соученици на 16-годишното момче убиено во околината на Тетовски бањи од осомничената 17-годишна девојка од Ново Село денеска протестираа пред судската палата.

Advertisements

„Бараме правда за нашиот пријател. Имавме повеќе од пријател, тој беше добро момче. Ни ги изгоре душите. Сакаме да се разјасни правдата бидејќи не е во ред сите да молчат и тоа да остане неказнето.“

„Правда за нашиот брат Бехар. Ова не само што нè шокираше, туку молчењето е соучесништво во убиство затоа што не може сè да се прости, особено убиство, убиството нема оправдување, убиецот има име.“

„Вакво убиство заслужува тешка казна“, реагираа соучениците.

Осомничената денеска беше изведена пред судија на претходна постапка. СВР Тетово соопшти дека се собираат видео-материјалите од безбедносните камери за да се види нејзиното движење и да се испита дали има и други инволвирани лица во свирепо убиство. Тоа се случи пред пет дена во раните утрински часови покрај реката Пена кај тетовските бањи. Во речното корито беше пронајдено мртво тело на 16-годишно момче, а подоцна се испостави дека всушност било убиено. Тоа го признала и малолетната девојка.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button