МАКЕДОНИЈА

Ново одложување на судењето за модуларната болница во Тетово

Продолжи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово. Ричиштето продолжи со читање на исказите на обвинителот, но тоа наиде на приговор од одбраната на обвинетите. Причина беше читањето на насловите од записниците од сведочењата од страна на обвинителот, а не нивно целосно објавување како што бараа адвокатите. Тие се спротивставија и на списокот на сведоци кои зашто наводно некои фигурираат само во списокот, но не и во материјалот. По ваквата реакција на одбраната, судијата Јордан Велковски нареди да се донесе целиот материјал, при што сведочењата се читаа едно по едно. Се покажа дека дел од нив не се во исказниот материјал доставен од обвинителите. Договорот за изградба на модуларната болница, кој, според нив, бил напишан само на англиски јазик, бил спорен за одбраната.

Advertisements

Адвокатите побараа да се повикаат и вештаците кои го вршеа увидот во опожарениот објект, по што судијата одлучи рочиштето да биде прекинато и да продолжи на 16 јануари. Пред почетокот на судењето, пред судот се собраа десетици жители на Тетово кои дојдоа да побараат ослободување на третообвинетиот, односно на лекарот Бобан Вучевски.

„Се собравме овде пред Основниот суд во Тетово за да му дадеме поддршка на лекарот Бобан Вучевски. Даде максимум за време на кризата и докажа како треба да работи еден лекар.“

„Јас не сум за амнестија на виновниците, но вистинските виновници денеска не се тука на суд, туку треба да се најдат таму каде што се. Да се зборува за лекарска грешка е во ред, но да се зборува за техничка грешка некој друг мора да одговара за тоа, а знаеме кој е тој, оние кои ги изградија овие објекти во Македонија“, велат жителите.

Судењето почна во септември, но поради отсуство на обвинетите и нивните адвокати, рочиштата неколку пати се откажуваа. На 8 септември минатата година модуларната болница беше зафатена од пожар. Загинаа 12 пациенти со ковид и двајца членови на нивните семејства. Една година подоцна беа отстранети и изгорените остатоци од објектот. Се очекува тука да биде подигната спомен плоча за оние кои ги загубија животите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button