Герила акција во Струга за кучињата скитници

Град на Браќа Младиновци, град на мостови, песни но и кучиња скитници. Ела излези не те каса многу. Со вакви пораки, младите граѓански активисти од здружението Аква, го почестија струшкиот градоначалник Мерко и тамошните локални власти со герила акција, потсетувајки го на се посериозниот проблем со кучињата скитници во градот..
„И ние како невладин сектор се обидовме преку ваква акција да дадеме придонес и кон општественото делување но и кон будење на свеста и кај нашите граѓани и кај институциите за решавање на проблемот со кучињата, бидејки и резултатите кои ги имаме од тоа колку граѓани се каснати и колку е нивниот број е алармантен“, рече Ана Наумоска, локален МОФ координатор, Здружени Аква
Ветеринарите бараат кучињата скитници да се кастрираат.
„Ние како станица испративме барање во Општина да се направи кастрација и кучињата да се локализираат во нашата станица. Ова барање не ни беше исполнето, и сега голем проблем е размножувањето на кучињата кои од некаде доаѓаат овде или несовесните луѓе ги напуштаат“, вели Сељами Речи, доктор – ветеринар.
Струга e и меѓу водечките градови во државата според пријавени случаи на каснати граѓани од кучиња скитници.Во последните три години според МВР тој број 177. Од општината велат дека работат на изнаоѓање на решение, но оти како локална самопурава сами неможат да го решат овој проблем без помош од државата, зашто не располагале со професионални лица за нивно заловување.
Мики Трајковски