ЕКОНОМИЈА
Ковачевски кажа колку пари од буџетот дополнително се потрошени за електрична енергија

Првиот човек на Државните електрани, Васко Ковачевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека годинава ќе заврши со 200 милиони евра дополнително потрошени од буџетот, за снабдување со електрична енергија.
„Ние оваа година ќе ја завршиме, од прилика, вкупно со 200 милиони евра, средства потрошени дополнително од буџетот за електрична енергија…Износот е најмал во споредба со земјите од регионот во услови на криза и на високи цени на берзите“, рече Ковачевски.