МАКЕДОНИЈА
Какви цени на енергенсите очекуваат во РКЕ првите денови од новата година?

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат даде свое очекување во однос на тоа какви цени на енергенсите би можело да се очекуваат во првите денови од новата година.
„Она што се гледа е дека има одредено стабилизирање, но треба да се знае дека сега е Божиќ во западна Европа. Оваа недела на Хупекс во понеделникот имавме цена од 47 евра за мегават час. Вообичаено е пред Божиќ – по Божиќ, такви да бидат цените и во наредниот период ќе видиме, ќе почне да паѓаат. И цената на гасот денеска е под 80 евра…некаде од 3-4 јануари ќе почнат да се враќаат во нормала“, рече Бислимовски.