ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нуредини: Секоја година загадувањето се намалува

Струмица денеска е на врвот на листата како град со најзагаден воздух во државата. До пладне нивото на ПМ10 честички на метар кубен изнесуваа 253,9. Загадени се и Прилеп, Битола, Кавадарци, но таму нивото на загаденост на воздухот е помало.

Advertisements

Градови со најзагаден воздух

Струмица 153,9 PM10/m3
Гостивар 104,985 PM10/m3
Берово 101,85 PM10/m3

Министерот за животна средина рече дека новиот закон кој е во процедура во Владата ги обврзува сите кои имаат интегрирана дозвола А да инсталираат свои мерни станици кои ќе работат 24 часа.

„Сите тие мерки покажуваат дека секоја година загадувањето на воздухот кај нас постепено се намалува. За жал, сè уште имаме проблем со загадениот воздух, но не сакам да дискутираме за тоа дека сме најзагадената земја во светот. Тоа се податоци што ги објавува една приватна компанија. Но, вистината е дека имаме проблем со загадениот воздух. Но, најдоброто решение кое ќе влијае на енормното намалување на загадувањето на воздухот ќе биде преку гасификација. Кога ќе почнеме да се грееме на гас, кога ќе се префрлиме повеќе на централно парно греење. Ако продолжиме да се грееме како сега, тогаш ќе го имаме овој проблем со загадениот воздух“, вели Насер Нуредини- Министер за животна средина.

Мерките воведени во Скопје поради загадениот воздух се укинаа 24 часа откако стапија на сила. Мерните станици денеска покажаа податоци само за ректоратот, но не и за другите делови на главниот град. Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник соопшти дека дневните просечни концентрации на ПМ10 честичките во Скопје се под дефинираниот праг, па затоа препораките и мерките повеќе не важат.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button