ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќучук: Во С Македонија има политички сили што ја влечат земјата кон други „унии“

Во С Македонија има политички сили кои јасно стојат зад агендата на земјата да биде дел од Европската Унија, но има и други кои ја влечат земјата кон други унии или барем ја пренасочуваат земјата од патот кон ЕУ, вели лидерот на европските либерали (АЛДЕ), европратеник од Обнови ја Европа/ДПС и известувач за земјава во ЕП, Илхан Ќучук, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Advertisements

Ќучук во интервјуто вели дека С Македонија несомнено чекори по тежок пат на консолидација околу важни теми поврзани со иднината на државата. Членството во НАТО, вели европратеникот, е голем успех, како за ЕУ така и за Бугарија и земјава, но како што додава, понатаму доаѓа поголемото прашање како земјата целосно ќе ја реализира својата надворешнополитичка аспирација, а таа поминува низ членството во ЕУ.

Тој предупредува дека во РСМ има сили кои ја влечат државата кон други геополитички проекти.

„Има политички сили кои јасно стојат зад агендата на земјата да биде дел од ЕУ, но има и други кои ја влечат земјата кон други унии или барем ја пренасочуваат земјата на патот кон ЕУ. И во самото македонско општество се водат овие разговори“, вели известувачот за С Македонија во Европскиот парламент.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button