МАКЕДОНИЈА
(ВИДЕО) Пожар во казино во Ѓорче Петров

Пожарот во скопската Општина Ѓорче Петров, според пријавата во МВР, избувнал во казино при што е опожарена кровната конструкција.
Од МВР велат дека во полиција е пријавено во 10:41 часот, а повредени лица нема.
„Повредени лица нема, а пожарот сè уште се гаси од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, велат од МВР.
Сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ е пренасочен додека се гаси пожарот.