ЕКОНОМИЈА

Природниот гас се продава по цена како пред војната во Украина

Цената на природниот гас на берзите падна на 77 евра за мегават час. Оваа цена е пониска и од цената по која гасот се продаваше и пред војната во Украина. Но и покрај континуираниот пад на цената на овој енергенс, македонските власти за јануари преку јавен оглас набавија гас по цена од 115,9 евра или поскапо за речиси 40 евра по мегават час од денешната цена. Од државните електрани за Алсат велат дека оваа цена нема да важи за целата грејна сезона туку само за месец јануари.

Advertisements

„Доколку на тендерот за набавка на природен гас за февруари добиеме пониска и подобра понуда, таа ќе ја прифатиме. Договорот со компанијата од Бугарија е рамковен и може да се менува“, наведуваат од ЕСМ.

На тендерот за набавка на гас учествуваше и Макпетрол, компанија која досега го имаше бизнисот за снабдување со гас во земјава, но поради понудена повисока цена, властите решија договор да потпишат со странската компанија. Потоа Макпетрол излезе со серија на забелешки на договорот. Од компанијата обвинуваа од склучениот договор со фиксна цена државата ќе трпи фиансиски загуби. Набавката на гас на ЕСМ е за производство на топлинска енергија која ја користат топланите.

Инаку, енормниот раст на цената на природниот гас беше причината по која БЕГ се откажа од бизнисот со топлинска енергија. Истото се случи и со топланата Скопје Север, па државата реши системот за парно греење да го земе под своја надлежност.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button