
Казиното во општина Ѓорче Петров се запали околу 10:40 часот. Противпожарните екипи веднаш пристигнаа на местото на настанот во обид да го локализираат и да спречат да се проишири и другите згради во близина. Според МВР, нема повредени или жртви.
Од друга страна, градоначалникот на општина Ѓорче Петров ги демантираше информациите објавени во некои медиуми дека се работи за општински објект.
Веднаш по пријавата шест противпожарни возила биле на терен и во моментов пожарот е целосно изгаснат. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во моментов се истражуваат причините за пожарот./Ардит Рамадани
Ардит Рамадани