ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради пропуштените часови, учениците се враќаат на 18 јануари во школо

Поради пропуштените часови, учениците се враќаат на 18 јануари во школо

Основците и средношколците денеска го завршија првото  полугодие. На училиште ќе се вратат на 18 јануари, порано од вообичаениот зимски распуст. Од Министерството за образование велат дека тоа е поради изгубените часови во годината што ја оставаме зад нас, во која поради празниците се изгубија многу денови. Според наставниците, ова полугодие се карактеризираше со недостиг на книги.

Advertisements

„ Секој почеток е тежок, но го надминавме тоа со големиот придонес што го даваат наставниците. Книги немавме, ги добивме сега во последните денови. Но се сноаѓавме, бидејќи работевме со старите книги од кои учеа  другите генерации“, рече Музафере Шабани, О.У „Кирил и Методиј“, с. Страчици.

Учениците беа задоволни што веќе ја научиле азбуката на албанскиот јазик. По повод новогодишните празници децата изработија многу дела.

„Во првото полугодие ги научивме сите букви. Од А до овде… Која е последната буква што ја научивте? Ж. Сега нацртавме многу цртежи за зимата. По математика научивме плус и минус“, рече една Ученичка.

„Уживавме со нашите пријатели. Цртавме, ги напишавме буквите од азбуката на албанскиот јазик. На распуст, ќе ги вежбаме буквите за да не ги заборавиме“, додаде еден ученик.

Директорите и наставниците на училиштата рекоа дека ги надоместиле пропуштените часови поради лажните дојави за бомби./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button