ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска, умерено облачно со магла во котлините

Претпладнево по котлините и долж Повардарието се очекува магла и ниска облачност, а во останатите подрачја умерено облачно. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, по котлините маглата ќе се намали, но сепак во некои од нив ќе се задржи магливо и постудено. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Advertisements

Во Скопје претпладне со магла, попладне маглата ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button