ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во 2023 година мелничарите очекуваат стабилни цени на лебот и брашното

Граѓаните во 2023 година може да очекуваат стабилни цени на брашното и лебот, велат мелничарите. Тоа, нагласуваат, е последица, пред се, од донесувањето на владината Одлука со која на компаниите им се овозможи да плаќаат струја по 80 евра за мегават час.

Advertisements

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката и пекарската индустрија се борат со сите можни зголемени трошоци за производство преку менаџирање на сопствените залихи на некој основен минимум, во очекување на намалени цени на пченицата што како услов би создало прилики за дополнителна стабилизација на цените и нивно намалување.

-Обезбедувањето струја по 80 евра за мегават час е правилна одлука што минусира еден негативен фактор поради кој се зголемуваат цените. Владата фактички спречи дополнителни зголемувања на малопродажните цени и ги намали за соодветниот трошок на електричната енергија, истакнува Малишиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button