ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ангеловска-Бежоска: Догодина постепено забавување на инфлацијата

Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу два процента, вели гуверерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежовска, во новогодишна белешка, порачувајќи дека се неопходни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, како одговорно, стратешки и одржливо делување на носителите на политиките.

Advertisements

Таа потсетува дека годинава го одбележавме јубилејот 30 години монетарна самостојност и посочува дека во услови на бројни кризни епизоди и историски премрежиња во изминативе три декади, одржувањето на монетарниот суверенитет бараше голема посветеност, професионалност и лидерство од страна на централната банка, но и поддршка од другите општествени чинители.

-Работејќи по принципот acta non verba, чекор по чекор ја градевме оваа институција, вложувајќи во нејзиниот човечки потенцијал, без што ќе беше невозможно да се зачува и да се јакне монетарната стабилност. Ја задржавме стабилноста на денарот, еден од симболите на нашата државност и сидрото на стабилноста на нашата економија. Но, секоја паричка има две лица, а секој период има и добри и лоши страни. Така и оваа 2022 година, за жал, во светската историја ќе биде запомнета како уште една кризна година ‒ година во која започна војна на европска почва, година на енергетска криза, година во која светот забележа една од највисоките стапки на инфлација во изминатите неколку децении. Токму поради тоа и сите централни банки, вклучително и ние, го променивме долгогодишниот курс на монетарната политика и започнавме со циклусот на нејзино затегнување, вели гувернерката на НБ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button