ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Aтмосфера од новогодишната ноќ на градскиот плоштад во Скопје

Многумина граѓани синоќа решија Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Покрај скопјани, за новогодишната ноќ во главниот град дојдоа посетители и од други градови од земјава, а забележливи беа и странски туристи.

Advertisements

Граѓаните се трудеа да ја одржат новогодишната еуфорија на отворено и покрај маглата и загадениот воздух. Коментираа дека годинава на плоштадот било скромно, но сепак се забавуваа и во првите минути од новата година се слушаа честитки за Новата година.

Извор: 360 Степени

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button