ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Грипот ги наполни детските болници

Грипот ги наполни детските болници

Болка во грлото, висока температура и гадење. Ова се симптомите на кои последниве недели се жалат се поголем број граѓани, особено децата.  Родители со децата кои бараа лекарска помош денеска ја наполнија  Детската клиника во Скопје .

Advertisements

Приватната ординација во која работи докторката Јета Бериша беше преполна со пациенти, особено деца. Меѓу другото, д-р Бериша апелира луѓето со овие симптоми да се изолираат.

„Луѓето кои имаат симптоми треба да внимаваат да не престојуваат во затворени простории со повеќе луѓе. Во моментот кога ќе имаат кивавица, течење на носот, блага температура, треба да се изолираат неколку дена поради лица кои имаат хронични заболувања за кои обичниот грип може да биде многу сериозен, за деца под две години, и за возрасни 65 години. Ги заштитуваме овие групи луѓе за да не  дојдат до компликации“, рече Јета Бериша, лекарка.

Исто така, лекарите препорачуваат лицата заболени од грип да избегнуваат собири со многу луѓе, почесто да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат, да ги проветруваат просториите каде што престојуваат, да консумираат што е можно повеќе течности, како супа, чај, свежи сокови како и да јадат храна богата со витамини и минерали./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button