Панчев: Заедничката комисија не успеа, виновна е македонската страна

Професорот од универзитетот во Софија, Антон Панчев, во интервју за емисијата „Патот кон …“, коментирајќи го бугарското вето, рече дека еден од условите на бугарската страна е Заедничката комисија на историчари да има значителен напредок во спорните прашања.
Според него, предметната Комисија не ги дала очекуваните резултати и за ова ја обвини македонската страна. Панчев го истакна и јазикот на омраза кон Бугарија и бугарскиот народ, што според него станало уште поактуелно во последниве денови.
„Како прво, мора да кажеме дека е точно оти Бугарија ја презеде својата обврска да ѝ помогне на Република Северна Македонија за време на европската интеграција, но со овие важни услови. Една од нив е Заедничката комисија на историчари да направи значителен напредок. Оваа комисија работи повеќе од две години, но всушност нема значителен напредок. Бидејќи условите се дека Комисијата треба да работи врз основа на автентични извори на веродостојни историски докази каде што дебатира за историјата на личностите или историјата на луѓето кои живееле во овие земји низ вековите. За жал, нема напредок, тврди бугарската страна во различни автентични документи, додека македонската страна не работи со коментари, можеби има и други политички цели“, изјави Панчев.