
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе го врачи вториот мандат за формирање влада во рамките на 48. Народно собрание. Мандатот ќе го добие втората по големина пратеничка група – „Продолжуваме со промените“. „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков беше на власт во Бугарија од декември лани до август годинава. Првиот мандат го доби ГЕРБ-СДС, но пратениците не го поддржаа кабинетот на кандидатот за премиер, проф. Николај Габровски, предложен од првата парламентарна сила.