ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мобилни телефони имаат 1,9 милиони граѓани во земјава

Расте бројот на корисници на пост-пеид услугите кај телекомуникациските оператори, покажува најновиот квартален извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Според извештајот мобилна телефонија во Македонија користат нешто повеќе од 1,9 милиони претплатници. Мобилен интернет користеле 1,4 милиони корисници. Податоците велат дека во вториот квартал лани во однос на претходните три месеци бројот на пост пеид претплатници е зголемен за 1,17 отсто. На годишно ниво овој податок е далеку повисок, односно во вториот квартал од 2022 во однос на истиот период во 2021 има зголемување на пост пеид претплатниците за нешто над четири отсто.

Advertisements

„Во вториот квартал од 2022 година има намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на првиот квартал од 1,41 отсто. Кај вкупниот број испратени ММС пораки во вториот квартал од 2022 година има раст од 0,85 отсто во однос на претходниот квартал и пад од 2,88 отсто споредено со вториот квартал од 2021 година“, наведуваат од АЕК.

Од АЕК посочуваат и дека во април, мај и јуни се регистрирани 435.714 претплатници на ТВ услуги, од кои 212.433 на кабелеска, на IPTV е 152.093, на DVB-T 41.297, а 30.081 на сателитска телевизија. И на квартално и на годишно ниво се бележи зголемување на претплатниците на сателитска за 10,11 односно за 22,57 отсто. И покрај новите мобилни технологии, во Македонија се уште има сериозно добар број на активни фиксни линии, односно заклучно со вториот квартал 2022 година во државава се регистрирани 432 илјади фиксни линии, за 1,37 отсто повеќе на квартално, а за 2,66 отсто на годишно ниво.

Во однос на роаминиг услугите лани на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана се потпиша договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од годинава Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button