ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И во Новата година за автобус и натаму долго се чека

Скопјани ја испратија старата година со проблеми во јавниот превоз, а со истите проблеми ја дочекаа и новата година. На ова студено време чекаат барем 30 минути за некои автобуски линии. Меѓу нив има и постари лица или деца. Покрај недостигот на автобуси, на некои станици низ главниот град не се ажурираат информативните табли за распоредот на сообраќајот, дури и една од нив е со возен ред од пред неколку месеци.

Advertisements

Хаосот во градскиот превоз трае безмалку два месеци, откако приватните превозници на транспортното претпријатие „Макекспрес“ прекинаа со работа, обвинувајќи ги Јавното сообраќајно претпријатие и Град Скопје за долг од околу 500 илјади евра. По нив и автобусите на транспортната компанија „Слобода превоз“, не сообраќаа исто така поради долг од градските власти. Но, градоначалничката Данела Арсовка категорично изјави дека Градот и ЈСП не должат на приватните превозници, туку се изманипулирани од политички причини. Несообраќањето на околу 200 градски автобуси и блокирањето на некои патишта предизвикаа хаос во градот, а граѓаните мораа со часови да чекаат превоз.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button