ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Издржете со магла до понеделник, потоа дожд и снег!

Издржете со магла до понеделник, потоа дожд и снег!

Алармантни бројки за загадувањето, густа магла, слаба видливост и ниски температури. Во ваква ситуација се разбудија граѓаните од повеќе градови во земјава, додека Скопје продолжува да урива рекорди меѓу првите 10 градови со најзагаден воздух во светот. Нивото на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, речиси десет последователни дена е 28 пати повисоко од дефинираниот праг.

Advertisements

Поради магла повторно беа откажани некои летови.

„За евентуални промени на редовните распореди, ги упатуваме патниците да се обратат на нашата веб-страница www.skp.aiports.com.mk каде сите промени на летовите се ажурираат во реално време, веднаш откако ќе бидат примени од нашите системи“, велат од ТАВ.

Вакво време ќе имаме се до следната недела.

„Во петок ќе дува слаб до умерен ветер што ќе доведе до делумно намалување на маглата. Во понеделник во претпладневните часови сè уште ќе има појава на магла, а од попладневните часови ќе има врнежи од дожд и снег на планините“, велат од УХМР.

Како мерка против аерозагадувањето некои градови во регионот и Европа воведоа бесплатен превоз за граѓаните, но Скопје таа мерка ја прекина, а другите останаа само на хартија.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button