ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Филипче: Во моментов нема нема да има ефект од полициски час

Во моментов полициски час нема да има никаков ефект, рече министерот за здравство, Венко Филипче за време на заедничката прес конференција со премиерот Заев и претседателот Пендаровски, по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.
„Рестрикција во движењето, во смисла на полициски час сега сметаме дека нема да има никаков ефект. Заради тоа што тоа што треба да се превенира се групирањата и тоа што задолжително треба да се прави е да се носат маските и на отворено и во затворено. Тоа се основните принципи за превенција на ширење на вирусот“, рече Филипче.