ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рочиште за „Меѓународен сојуз“, Боки 13 бараше промена на судијката

Со бастун и за првпат од куќен притвор, Боки 13 дојде на судење за случајот „Меѓународен сојуз“. По операцијата и откако ја напушти ќелијата во Шутка, шоуменот побара изземање на судијаката која го суди случајот. Била пристрасна, зошто била дел од судиите кои го осудиле за „Рекет“. Обвини дополнително дека била и политички инструирана. Боки доби неколку опомени, но расправијата со судијката траеше до крајот на денешното судење.

Advertisements

„Инструирани сте политички и ме прекинувате кога ќе спомнам политичари. Сите политички багабонти вршеа притисок врз мене“, рече Боки 13.

Незадоволен од судењето и процесот беше и татко му на Боки, Миле Јовановски.

„Ова е заевистички суд. Вие судиите ме наместивте мене“, рече тој.

Во судницата цели два часа владееше тензија. На обвинителна клупа се и две соработнички на Боки, како и поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски која објасни зошто по нејзино видување е дел од овој случај.

„Во делот на популарноста на предметот и инволвираноста на политичар, поранешен во целиот предмет и заради медиумскиот интерес што треба да се пројави за предметот, што верувам дека е и дефокусирање од некои клучни прашања“, рече Ременски.

Обвинителството за организиран криминал го обвини Боки 13 за измама и перње пари преку хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“. Ременски е обвинета за помагање при измама. Татко му Миле е обвинет за помагање при перење пари, како и за неовластено чување три полуавтоматски пушки.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button