Струга: Од експлозија на плинска боца, повредена е жена
Струга: Од експлозија на плинска боца, повредена е жена

Група стружани со години бараат од институциите да реагираат и да згрижат жена која живее сама во истата зграда со нив, но која собира и складира најразновиден вид на отпад во станот. Тие велат дека откако го затрупала станот, се преселила во гаражата односно подрумските простории на зградата, каде исто така носи се и сешто.Пред два дена избувнал пожар, предизвикан од експлозија од плинска боца. Жената се здобила со тешки изгореници и е префрлена во болница.
“Втор ден екипите на Комунално Струга го собираат сметот кој 84 годишната старица го собирала овде со години во подрумските простории каде што живеела“.
Станарите велат дека доколку институциите навреме реагирале ќе се избегнеле несреќата.
„Имаме реагирано повеќе од 10 пати.Имаме реагирано до институциите, поднесувано барања, но сите си ја префрлаат топката од една институција на друга, како да немаат ингеренции да го решат проблемот. И бевме заробени во ситуацијата и во овој случај.
„Социјалните служби не дојдоа, не беа активни и да ја згрижат жената и да го решат проблемот.Жената беше не контактибилна, не сакаше да комуницира со нас“.
Станарите велат дека сличен проблем имаат и со друга станарка која исто така собира различен вид на отпад кои потоа го користи за греење.
Мики Трајковски