ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скандал: Општина Тетово треба да плати милион евра за долг од 50 000 евра

Скандал: Општина Тетово треба да плати милион евра за долг од 50 000 евра

За парцела на тетовец која била проценета на 50 илјади евра во 1988 година, и му била одземена за да се изгради булеварот Илирија во Тетово, општината треба да плати 1 милион евра.

Advertisements

Се започнало во далечната 1988 година кога сопственикот на парцелата ја тужи Општината за ниската проценета цена.

Поради неажурност на судските органи во Тетово, предметот се одолговлекува од 1988 до 2016 година, кога конечно било донесено решението во корист на сопственикот на парцелата.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, се сомнева дека се работи за организирана криминална група. Ова од причина што и покрај тужбите поднесени против повеќе лица, и жалбата на решението до Апелациониот суд во Гостивар, 11 месеци нема одговор.

„Сомнежите почнуваат од моментот на донесување на одлуката од страна на Основниот суд Тетово во 2016 година, кога Судот одлучи да ја утврди вредноста на експропријацијата од 3 милиони денари, но и пресметката на ретроактивна камата од моментот на започнување на овој процес. А општина Тетово одлучува да не ја обжали оваа судска одлука, која потоа станува правосилна“, изјави Билал Касами Градоначалник на Тетово.

Како последица од необжалувањето на случајот од страна на општина Тетово, стигнала сметка од околу 30 пати повисока од она што реално ја чинеше државата, вели Касами, кој отвора сомнеж зошто случајот не бил обжален порано ниту претходно кога стигнало решението од извршител, ниту во втората фаза кога се пресметува каматата.

„Последиците се класична изнуда на пари на тетовци од повеќе од еден милион евра, за решение за експропријација од 3 милиони денари, судот утврди дека општината мора ретроактивно да плаќа камата од 1988 година кога започнал процесот, кои извршителот ги пресметал 61 милион денари, но и во овој случај се сомневаме дека се работи за организирана група, бидејќи и во вториот случај кога извршителот бара извршно решение, општината се уште не го искористила правото да се жали да не се изврши конечната одлука“, рече Билал Касами Градоначалник на Тетово.

Со пролонгирањето на одговорот од Апелациониот суд, сега се ризикува да се додадат камати за уште плус 500 илјади денари кои во секој момент странката може да ги повлече од сметката на општината .

За овој случај Општина Тетово тужеше повеќе лица од поранешниот општински состав, а предметот е поднесен и до обвинителството за организиран криминал.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button