ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рокот за да се исполнат барањата за УНЕСКО завршува, одговор нема

Рокот за да се исполнат барањата за УНЕСКО завршува, одговор нема

Експертите за заштита на природното и културното наследство се загрижени дека Охридското Езеро најверојатно ќе го загуби статусот на светско наследство во УНЕСКО. Аријан Мероли од мрежата на здруженија за заштита на природното наследство вели дека УНЕСКО пред две години побарал од институциите во февруари 2023 година да имаат изготвено документи со стратегија и план за заштита на природното наследство. Тој додава дека до сега не биле консултирани од надлежните ниту виделе документ со план за спроведување на препораките од УНЕСКО.

Advertisements

„За жал, и документите за 2022 година и оние што се очекува да бидат доставени во 2023 година сè уште не се јавни, сè уште не се разговарани со групите на интерес во регионот и уште полошо е што времето до реализација на датумот дефиниран од УНЕСКО е многу ограничен и ќе ја отежне изработката на деталниот план за подобрување на пристапот кон заштитата и зачувувањето и управувањето со овој екосистем и пред се ќе ја оневозможи конкретната и плодна соработка помеѓу заинтересираните страни за реализација на конечна цел – да го заштитиме Охридското Езеро како светско наследство“, изјави Аријан Мероли, експерт за животна средина и светско природно наследство.

Мероли вели дека УНЕСКО бара на  флората, фауната, екосистемот, пејсажот на охридско-струшките градови . Министерот за животна средина, Насер Нуредини вели дека извештајот што го бара УНЕСКО ќе биде готов до февруари, а побарале и тимот на УНЕСКО да дојде да ја испита состојбата на терен.

„Треба да дојдат и да ја разгледаат реалната состојба во нашата држава и доколку има други препораки или ако има конструктивни критики, ќе можеме да ги спроведеме“, рече Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека се залагаат за исполнување на сите барања со цел Охридскиот регион да остане заштитен“

На 44-та седница на УНЕСКО во 2021 година, повеќе држави лобираа и бараа на Македонија да и се даде уште една можност Охридското Езеро да остане светско наследство, но под услов Македонија со акциЈА да докаже дека има волја да го подобри пристапот кон заштитата и управувањето на овој регион како светско наследство.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button