СДСМ и ВМРО го чистат смогот со партиски преписки
СДСМ и ВМРО го чистат смогот со партиски преписки

Загаденоста во Скопје веќе неколку дена е алармантна. Центар, Аеродром, Лисиче, Ректорат имаат најголема концентрација на ПМ10 честички. Загаденост имаше и денеска, но помала во однос на последните неколку дена. Групата советници на СДСМ во Град Скопје побара од претседавачот на Советот, Трајко Славески, да свика итна седница на која ќе се расправа за загаденоста и за мерките што треба да се преземат.
Но, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека 7 години на власт не направиле ништо за намалување на аерозагадувањето.
„Шутаров овие барања со кои трет ден парадира СДС, требаше да му ги пренесе на Ковачевски кој како тема можеше да ги отвори на една од тајните средби со Арсовска каде наместо тендери во 4 очи, можат да прифатат пакет мерки за почист воздух. СДС е 7 години во централната власт, а полумерките на советникот Шутаров нема да сменат ништо и се чист популизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Првите денови година главниот град наликуваше на хорор сцена. Од Водно не се гледаше котлината, а насекаде се чувствуваше тешка миризба која наликуваше на палење на пластични материјали./Аласт.мк
Еви Шкопи