ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Собранието треба да го ратификува Договорот со ФРОНТЕКС

Првата пленарна седница на Собранието за годинава ќе започне денеска, а една од точките на дневниот ред е Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (Договорот со ФРОНТЕКС). На предложениот дневен ред на оваа 99. седница ставени се 15 точки, главно закони во прво и во второ читање. На вчерашната прва координација со претседателот на Собранието Талат Џафери биле договорени тековните активности на пратениците.