ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советникот во Стејт департментот Дерек Шоле денеска во Скопје

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле денеска ќе ја започне посетата на Западен Балкан со разговори во Скопје, при што ќе престојува и во Приштина и Белград, со цел да ја нагласи постојаната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет во регионот. Шоле денеска ќе разговара за повеќе прашања со претставници на владата на Северна Македонија, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Advertisements

Американскиот функционер потоа ќе замине во Приштина, каде што ќе разговара со претставници на косовската влада, политички лидери и претставници на граѓанското општество за напорите на САД да помогнат во подобрувањето на евроатлантската интеграција на Косово, како и за дијалогот, под раководство на ЕУ, за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button