Лидерска средба за Бугарија и вирусот?

Грчот во политиката околу интегративните процеси и здравствената политика, според опозицијата, може да се реши со лидерска средба. Доколку не се одржи со сите лидери на политичките партии, ВМРО ДПМНЕ ќе побара средба со лидерите на опозициските партии.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, очекува иницијативата за средба да биде на премиерот.
„Решението е да се сретнат сите лидери и да постигнат договор за широка влада, без потреба да се обвинат едни со други, да најдеме решение, а не да се обвинуваме.“
Но, премиерот Зоран Заев смета дека средбата со опозициските лидери нема да го олесни компромисот со Бугарија, туку ќе биде спротивното.
Алсат ја праша и ДУИ дали смета дека е време за лидерска средба и за што, според нив, ќе се дискутира на овој состанок. Не добивме одговор. Од опозициската Алтернатива ни рекоа дека претходно побарале лидерска средба со сите политички субјекти за прашања од државен интерес.
Fatlume Dervishi