Ратификација на договорот ФРОНТЕКС

Договорот за гранична соработка – ФРОНТЕКС, денеска едногласно беше усвоен во собраниската Комисија за надворешна политика и Законодавно-правната комисија. Следува неговата ратификација набрзо да биде одобрена на пленарна седница во Собранието. Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан во Скопје пред три месеца. Тој ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување персонал и опрема на Фронтекс или на странски полициски службеници на критични точки на границите при ненадејно брзо влошување на состојбите, а се овозможува и сигурна размена на информации и податоци.