ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Второто полугодие од учебната година ќе почне на 23 јануари

Учениците во основните и средните училишта на настава ќе се вратат в понеделник на 23 јануари, а не на 18-тти како што требаше. Владата попладнево соопшти дека е прифатено барањето на МОН за одложување на стартот на второто полугодие за да се заштеди струја и да се потсмири состојбата со грипот. Во меѓувреме, од утре ќе продолжи распределбата на учебниците, особено за учениците кои се веќе дел од новиот наставен концепт. Распределбата ќе треба да се изврши во рок од една недела. Министерот Јетон Шаќири за Алсат изјави дека доцнење може да има само во случај на технички проблеми.

Advertisements

„Само поради предметите кои беа во постапка во националниот совет, еден предмет во прво одделение, два предмета во второ одделение, тие од второ одделение се завршени, материјалот ќе се распредели на сите јазици и во петто одделение по предметот македонски јазик. Сите останати се распределени и се заокружува како проблем, освен одлуката што се очекува за Општество за прво одделение, додека другите го поминаа техничкото прилагодување, графичкото уредување и печатењето, но наставниците се очекува да се вратат во училиштата за да ги распределат овие текстови“, рече Шаќири.

Во многу основни училишта во земјава првото полугодие заврши со недостиг на книги.

„Ги добивме книгите за прво одделение, почнувајќи од албански јазик, математика и природни науки. Сè уште не се комплетни. Кои од нив недостасуваат? Недостасува општество“, рече Музафере Шабани, учителка.

Освен недостигот на учебници, учениците се соочуваат и со бројни грешки во наставниот материјал, особено во предметите кои се дел од новиот наставен концепт.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button