Во ДУИ растрчани во партиска битка за контрола на теренот

Битката за теренот се чини дека секој ден се вжештува меѓу таканаречената „Огнена група“ и ДУИ. Двете страни ги засукаа ракавите за средби со гласачите. Пред само еден ден Изет Меџит најави дека во сабота во 19 часот ќе одржат состанок со структурите на огранокот во Битола. Два часа подоцна, на социјалните мрежи се појави уште една објава, овој пат од Артан Груби и други министри од ДУИ, која најавија средба во ограноците на партијата во Чегране и Гостивар во сабота, исто така во 19 часот.
Се поставува прашањето дали на овие активности се гледа како на паника на едната страна да добие поголема територија, а другата страна да не ја изгуби поддршката што ја имаше?
Иако ова прашање им го испративме на Артан Груби и Бујар Османи преку СМС пораки, одговор не добивме од ниту еден. Истото прашање му беше поставено и на Изет Меџити, но и тој не одговори.
И покрај тоа што на средбата во октомври, лидерот на ДУИ и претставниците на „Огнената група“ беа фотографирани насмеани еден до друг, двете страни се во постојана кавга.
Ривалството уште повеќе се продлабочи кога „Огнената група“ информираше за средбата што ќе ја одржат во Студеничани. Меџити, пред жителите на селото, уште еднаш ги спомена своите барања за одговорност од извршната власт поради неефикасност, бидејќи како што вели, реализирани се само 2% од ветената програма. На крајот ја истакна поддршката за лидерот на ДУИ Али Ахмети и му ја пренесе порака „да не го пали јорганот само поради неколку болви.“
Неколку часа по оваа објава на Меџити, вицепремиерот Груби на својот Фејсбук профил го објави Али Ахмети како пее.
Ова испровоцира уште една реакција на Меџити кој употреби поостар речник, односно дека „ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните“, алудирајќи на Груби, Османи и другите покрај нив. Запрашан да ја коментира снимката за песната и дали знаел дека ќе биде објавена, Ахмети одговори без да го појасни својот став, иако индиректно го одбрани Груби.
„Добро е што никогаш не сте ме виделе да плачам, туку сте ме гледале во униформа и како пеам. Не работам во илегала, но и пеам“, изјави Ахмети.
Еви Шкопи