Гир: Зависи од државата дали ќе стане членка на ЕУ до 2030

Прашањето е дали државата може да стане членка на ЕУ до 2030 година? Одговорот е: зависи од самата држава. Задачата е значајна, обемот на реформи се големи. Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните потреби и интереси, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.
Во обраќањето тој посочи на Договорот што потекна од Франција и како резултат на што почнаа преговорите на Северна Македонија со ЕУ и барањето на Бугарија за промена на Уставот.
-Тоа е суверена одлука за оваа држава, меѓутоа јасно е дека со цел да се искористи импулсот во процесот на пристапувањето промените во Уставот мораат да се направат. Ова ќе овозможи процесот да продолжи со отворање на поглавјата. Едноставно не е реалистично да се мисли дека овој чекор може да се избегне и дека процесот на пристапување магично ќе продолжи, истакна Гир.