МАКЕДОНИЈА

Убиецот на мајката и бабата сам го пријавил случајот во амбуланта

Убиецот на мајката и бабата од Скопје се сомничи дека е психички болен. Ноќта кога го извршил делото спиел со жртвите во истиот стан. Следниот ден тргнал да го убие и својот вујко, но не го нашол дома. Телата на двете жени, едната 60, а другата 80 годишна, се на обдукција.

Advertisements

„Осомничениот ги убил мајка си и баба си, бодејќи ги неколку пати со нож сè додека не ги убил. Ноќта меѓу 10 и 11 јануари спиел во истиот стан. На 11 јануари, кога утврдил дека двајцата се мртви, отишол кај својот вујко со намера и него да го убие, но не бил дома. Потоа отишол кај матичниот лекар, каде открил дека ги убил мајката и бабата“, велат од ЈО.

Според министеркатат за труд и социјална политика, случајот е последица на непријавување семејно насилство.

Според официјалните податоци, од 1.000 до 1.200 граѓани годишно се жртви на семејно насилство.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button