ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Виктор Димовски дома, Пајо Авировиќ амбасадор во Париз

По претседателот и шефот на дипломатијата, сега и премиерот му ја затвори вратата на Виктор Димовски, со што конечно му ги згаснаа надежите дека ќе оди во Париз како амбасадор. Иако Димитар Ковачевски не беше директен како претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот вели дека одлуката за Димовски и за останатите амбасадори ќе биде донесена во консултација со шефот на државата и шефот на дипломатијата. Неофицијално се дознава дека Владата веќе одлучила Димовски да си остане во Скопје.

Advertisements

Сè уште необјавената одлука на Владата се вели дека е донесена врз основа на моралната одговорност на Димовски како поранешен директор на АНБ и давањето согласност за македонско државјанство на рускиот шпион, Олександер Онишченко. За амбасадор во Франција кружи името на поранешниот амбасадор во Израел и поранешен шеф на мисијата во Обединетите нации, Пајо Авировиќ. Земјава има 14 празни амбасадорски позиции, меѓу кои во Германија, Велика Британија, Кина, Бразил и Полска. Во наредните недели претседателот ќе оствари консултативни средби со Владата за пополнување на позициите.

 

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button