ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Правни вештаци имаат лек за случајот „милион евра за парцела во Тетово“

Тоа што случајот трае со децении има елементи на криминал и злоупотреба и неопходно е обвинителот да го истражи случајот и да го расветли за јавноста. Вака денеска го оцени правниот вештак Сејфула Османи случајот кога општина Тетово за парцела од 50.000 евра што му била одземена на жител досега платила над 1 милион евра. Османи покренува сомнеж за намерна злоупотреба од органите на правдата, кои, според него, ѝ направиле услуга на странката за да добие што повеќе пари од општината.

Advertisements

„Колку што имам информации, овој случај се одолговлекувал, а има сомнежи дека некој имал тенденција да ја одолговлекува одлуката за да предизвика непотребни трошоци за општината и за сите граѓани на Тетово. Застој во дејствувањето има во сите надлежни институции како општината, државното правобранителство, судовите и сл. Знаеме дека судовите ги одолговлекуваат предметите, но колку што знам од 1988 година до пред две години кога се спроведувала, па сега се бараат и други трошоци, што значи дека во оваа земја правдата понекогаш се одолговлекува, ама овој пат намерно се добива голема и неразумна отштета“, вели Сејфула Османи, професор.

Османи вели дека во овој случај треба да се активира Обвинителството.

„Јас го повикав обвинителот да направи барем една предистрага и да ги добие сите документи и решенија, но зошто да не и Обвинителството за организиран криминал да го набљудува случајот бидејќи виновниците имаат имиња и презимиња. Добро е барем да се смират граѓаните бидејќи тие се пари на граѓаните за обвинителството да се изјасни дека во овој случај има или нема кривично дело“, додава Османи.

Според правните експерти, главната вина во овој случај е кај поранешниот состав на општина Тетово, кој не поднел жалба против решението донесено во 2016 година. Тоа потоа морало да почне да се извршува и странките за земјиште со процената вредност од само 50.000 евра, од општината исцрпиле над еден милион евра. Интересно е што и покрај поплаките од актуелниот состав на општина Тетово, како и пријавувањето на случајот во Обвинителството за гонење на организиран криминал, сè уште нема одговор од ниту една државна институција. Новите доцнења ѝ овозможиле на странката да повлече дополнителни 500.000 денари екстра од досега добиените 1,1 милион евра.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button