ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот, следува соодветна пријава
Приведен крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот, следува соодветна пријава

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11.45 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово ја лишиле од слобода Д.И.Д.(36) од Куманово. Таа се сомничи дека на 12 јануари 2023 околу 08.30 часот во аптека на ул.„11 Октомври“ од лицето Г.М.(38) од Куманово одзела мобилен телефон и платежна картичка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додадоа дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
– По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, наведоа од МВР.