Ченто повеќе од една деценија чека градинка на албански јазик
Ченто повеќе од една деценија чека градинка на албански јазик

Жителите на Ченто и во 2023 година нема да имаат градинка. Првиот човек на општина Гази Баба, Бобан Стефковски вели дека во текот на оваа година ќе се подготвува проектно-урбанистичко планска документација. Барањата за градинки во населбите Трубарево и Керамидница веќе се доставени до Министерството за труд и социјала.
Жителите на Ченто повеќе од една деценија чекаат на изградба на градинка на албански јазик. Родителите решението за своите деца го бараат во другите градинки во населбата кои се на македонски јазик или одат во градинки во Скопје.
„И таму треба да се ургира преку познаници кои стигнуваат до мене со испраќање на децата во градинка. Годинава имаме случај, јас лично имам случај кога требаше некаде да се ургира за да се испрати дете во градинка. Имаме голема потреба од градинки во Ченто. Размислете за времето во кое живееме, во 21 век сè уште немаме дневен престој.“
„Ништо не е направено за градинки, само се зборува, земаат гласови, а ништо не се случува. Ченто има 4.000 куќи, а нема градинка, како нема потреба?! Не знам што прават, зборуваат, но ништо не прават. Има многу кои ги праќаат во Скопје, во Маџари, не знам што е работата.“
„Три илјади куќи се, по едно дете, три илјади деца, ако не се три илјади, 200. Можеби треба уште повеќе, две-три, но барем една да има.“
За изградба на градинката во Ченто и во минатото имало ветувања. Последното ветување беше за време на кампањата за локалните избори. Парцелата каде што се очекува да се гради објектот беше заградена, а поранешниот градоначалник, Борис Георгиевски, најави изградба и покрај тоа што тој и неговиот кабинет немале изготвено никаков идејен план и никаков друг документ поврзан со постапката за започнување градежните работи.
Мелихате Рустеми