Меџити: Артан Груби и Бујар Османи, последните војници на Никола Груевски
Меџити: Артан Груби и Бујар Османи, последните војници на Никола Груевски

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити вели дека Артан Груби и Бујар Османи биле последните војници на Никола Грувески. Меџити во интервју за Радио Слободна Европа нагласува дека во внатрепартиските дискусии во периодот кога ДУИ требаше да се одвои од Груевски и да реши да се позиционира покрај Зоран Заев, многу важна улога имала „Огнената група“. Според него, актуелните министри на ДУИ воопшто не поминале во Централното претседателство, но пред две години во Собранието тој самиот гласал за нив бидејќи тоаго поддржувал Али Ахмети. Меџити рече дека две години молчеле за незадоволството од овие министри поради самиот Ахмети и поради важните процеси како што е членството на земјата во НАТО.
„Го вклучивме алармот за корекција, пред народот да нè коригира. Стратешката ориентација на Владата на Северна Македонија, токму во овој случај „огнените“ иако не сме „огнени“, мислам дека бевме еден од клучните фактори и кога ДУИ требаше да се одвои од Груевски и да се ориентира кон нова коалиција со Зоран Заев, да се смени името и да станеме дел од НАТО. И тогаш, случајно или не, дебатата беше за и против. Јас и двајцата, Артан Груби и Бујар Османи. Тие беа последните војници на Никола Груевски“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.
Меџити оценува дека Али Ахмети треба да се врати на функцијата претседател на сите членови на ДУИ и да не зазема страна.
„Тој е лидерот, тој е претседателот на партијата и со сите овие чекори сакаме да го вратиме да стане претседател на сите во партијата, да биде претседател на партијата и да не зазема страна, бидејќи ќе се создаде впечаток, генерално, всушност, впечатокот кај членството е дека Груби работи како клан, а Ахмети е заштитник на тој клан. Тој треба да се врати на својата примарна функција, а тоа е претседател на Демократската Унија за Интеграција“, рече Изет Меџити – потпретседател на ДУИ.
Во меѓувреме, Ахмети во својот говор во Чегране, не штедеше директни и индиректни пораки кон „Огнената група“.Додека групата на Ахмети и Груби во Чегране на симпатизерите и членовите на партијата им зборуваа за достигнувањата, „Огнената група“ од Битола даваше аргументи за неуспесите на министрите. Во наредните денови се планирани нови паралелни средби со членството на двете групи. Едните продолжуваат со активностите во Гостивар, а другите во Скопје.
Еви Шкопи