Нуредини: Загадено е, ама се инвестира за да биде подобро

Министерот за екологија се согласува дека земјава се соочува со загадување на воздухот, но вели дека институциите инвестираат за да се смени начинот на греење и да се воведе гас. Нуредини ги повика граѓаните да ги користат податоците на мерните станици во државата бидејќи, како што рече, тие се единствените кои даваат точни податоци.
„Да, сите сме свесни дека во државата сè уште имаме проблем со аерозагадувањето, но она што е важно да информирамe, ние секогаш, секое министерство инвестира во поефикасни јавни објекти и промени во начинот на греење. Најдобар пример е оној на Министерството за внатрешни работи, мислам дека повеќе од 80 полициски станици се енергетски ефикасни и користат други методи за греење. И болниците во Чаир, една во Куманово е на плин, а во Струмица мислам дека е во тек, како и други објекти како училишта и градинки. Сите инвестираат“, рече министерот Нуредини.