ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Малолетничка принудувана на секс, уапсени повеќе лица

Дваесетгодишно машко лице на различни локации во државата подолг период принудувал малолетничка на сексуални односи со различни лица и од тоа заработувал од 1.000 до 2.000 денари. Главниот осомничен со иницијали М.К ќе одговара кривично за трговија со малолетни лица. Полицијата уапсила и петмина други кои користеле сексуални услуги од малолетничката.

Advertisements

„Имено, В.Д.(39), К.Р.(24), В.Б.(26) и А.Д.(23) од Кавадарци и Н.И (21) од Неготино, во временскиот период од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации, за паричен надоместок од 1.000 до 2.000 денари. М.К.(20) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица. За М.К од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело „трговија со дете“, според член 418-г од КЗ“, наведуваат од МВР.

Пред два дена бил извршен претрес во потрага по мигранти и случаи за трговија со луѓе во домовите и просториите на сите пријавени, по што биле лишени од слобода, а по наредба на јавен обвинител на осомничените судот им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Ова не е единствениот случај во С Македонија да се тргува со малолетнчки за сексуални услуги. Судовите не секогаш изрекуваат максимални казни. Пред две недели, Апелација му ја намали казната на поранешниот полицаец Александар Костовски, кој користел деца под 14 години за сексуални услуги.

Додека овие случаи се во пораст, најголемиот дел од регистрираните педофили се на слобода, а веб-страницата на која може да се видат кои се тие со цел да се преземат превентивни мерки, односно Регистарот на педофили и понатаму не функционира.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button